Најдобрите македонски фудбалерки поразени и од Луксембург

Нови репрезентативни обврски за нашите најдобри фудбалерки во европските квалификации за СП 2023/Фото: ФФМ

Никако да прекине негативната серија на лоши резултати на македонската женска сениорска репрезентација во квалификациите за пласман на Светското првенство.

Денеска нашата селекција загуби и на гостувањето кај Луксембург со конечен резултат 2:1.

Уште во првата минута дојдовме во позитива со голот на Рочи после асистенцијата на Јаковска, но противникот успеа да направи пресврт. Домаќинот најпрвин израмни преку Томпсон, а истата фудбалерка го постави конечниот епилог непосредно пред паузата.

Тоа беше седми пораз за Македонија во овие мундијалски квалификации за моментни петто претпоследно место со три бодови.

До крајот на овој квалификациски циклус останува да ги одиграме и последните две средби во септември, дома против Летонија и на гости кај Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот