Најдобриот стрелец од полскиот шампионат нов член МЗТ Скопје

Македонскиот кошаркарски шампион заврши со ангажирање на домашни кошаркари и почна да го пополнува ростерот со странски засилувања. МЗТ Скопје денеска потпиша едногодишни договори со Американецот Џабари Хиндс (27 год, 181 см) и Хрватот Марин Морнар (26 год, 203 см).

Станува збор за кошаркари со солидно европско искуство, од кои се очекува да бидат од голема помош во обидот да се дојде до зацртаните клупски цели, одбрана на титулата, враќање на куп-пехарот и борба за врвот од табелата во АБА2-лигата.

Хиндс, кој игра на двете бековски позиции, доаѓа со епитетот најдобар стрелец во Полска настапувајќи за екипата на Кросно, во која на 30 средби просечно постигнуваше по 21,7 поен, 5,1 асистенции и 2,8 скокови. Има настапувано и на Универзитетот Вест Вирџинија универзитетот и Универзитетот Масачусетс. Во Европа, има настапувано за Сигал Приштина (2016/17) и во Унгарија каде го носеше дресот на Атомерому.

Марин Морнар, игра на позицијата крилен центар, и има играно за Универзитетот Лајола, за шведскиот тим Борас, а минатата сезона настапуваше за Морнар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот