Најдобриот играч од последниот Мундобаскет нема да игра за Шпанија

Фото: EPA-EFE/MARISCAL

Шпанскиот плејмејкер Рики Рубио ќе го пропушти претстојното Светско првенство кое се игра во Јапонија, Индонезија и Филипини.

Рубио кој беше МВП на последниот Мундобаскет кој во 2019 година се одржа во Кина нема да игра на овој, иако се наоѓаше на списокот од 16 кошаркари на селекторот Серџо Скариоло.

Причината поради која Рубио нема да игра на Светското првенство е неговото ментално здравје.

„Одлучив да ги прекинам професионалните активности за да се посветам на своето ментално здравје. Сакам да се заблагодарам на поддршката која ја добив од Сојузот. Ја разбраа мојата одлука, денес семејството има повеќе смисла од било кога. Би замолил да се почитува мојата првиност, повеќе информации ќе објавам кога ќе дојде време“, соопшти Рубио.

Мундобаскетот стартува на 25-ти август и ќе се игра до 10-ти септември, а Шпанија е во група со Бразил, Брегот на Слоновата Коска и Иран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот