Најдобри домаќини, пред Црвена звезда е само Ливерпул

twitter.com/crvenazvezdafk

Екипата на Јирген Клоп се наоѓа во низа од 22 победи по ред во Премиер лигата, од 9 февруари 2019 година кога го совладаа Борнмут (3:0)..

И додека чекаме евентуално продолжување на европските фудбалски првенства од оваа сезона анализирано кои се најдобри екипи на домашен терен.

Црвена звезда е моментно втор најдобар домаќин на Стариот континент, има низа од 54 натпревари без пораз на стадионот „Рајко Митиќ.

Победничката низа ја започна од 30 април 2017 година со триумф над Војводина, во серија која трае се забележани 50 победи и четири нерешени средби со гол разлика 152:22.

твитер

Во актуелната низа белградскиот клуб не примил гол на „Маракана“ во дури 31 меч, а редок е и податокот што нитуеден клуб не успеал да постигне повеќе од еден гол во 90 минути.

Поуспешен од српскиот фудбалски гигант е само Ливерпул кој е во серија од 55 мечеви со позитивен резултат на легендарниот „Енфилд“.

Вкупно 45 победи и 10 нерешени во серија, започната серијата со реми против Саутемптон (0:0) на 7 мај 2017 година, со гол разлика 151:32.

Воедно екипата на Јирген Клоп се наоѓа во низа од 22 победи по ред во Премиер лигата, од 9 февруари 2019 година кога го совладаа Борнмут (3:0), па до тесниот триумф од 2:1 против истата екипа на 7 март 2020 година со гол разлика 70:15.

Во трка со овие две екипи до средината на февруари годинава беше австрискиот Салцбург кој со поразот од ЛАСК (2:3) ја прекина серијата од 53 мечеви без загубен натпревар на домашен терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот