Најбогатиот српски фудбалер останува без скоро 20 милиони евра?

фото: твитер

Саудискиот Ал-Итихад ваквата ситуација со фудбалерот Пријовиќ би можел да ја искористи како причина за прекин на соработката.

Александар Пријовиќ кој досега ги бранеше боите на фудбалскиот клуб од Саудиска Арабија, Ал-Итихад како што беше првично објавено беше уапсен пијан во бар во белградски хотел.

Полицијата го приведе, бидејќи не се почитувале одлуките на српската Влада за задолжителен карантин по 17 часот.

Подоцна беше откриено дека не е уапсен поради кршење на полицискиот час, како што изјави директорот на српската полиција, Владимир Ребиќ.

Во јануари 2019 година од грчкиот ПАОК се пресели во Ал-Итихад за 10 милиони евра и според договорот со Саудијците во четири и пол години има заработка од 5,5 милиони евра по една сезона.

Како што пренесуваат српските медиуми, Ал-Итихад сега оваа ситуација би можел да ја искористи како причина за прекин на соработката, па Пријовиќ би можел да остане без очекуваните 16,5 милиони евра во наредните три сезони, и додатни 2,75 за втората половина од овој шампионат, тоа е вкупно 19,25 милиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот