Откриено зашто е уапсен Пријовиќ, не го прекршил полицискиот час

твитер

Српскиот репрезентативец Александар Пријовиќ кој игра за Ал-Итихад од Саудиска Арабија, не е уапсен поради кршење на полицискиот час кој е воведен во Србија поради пандемијата на коронавирусот, објави директорот на српската полиција, Владимир Ребиќ.

Тој и останатите лица се затекнати во бар во хотел во Белград и сите 17-18 лица се уапсени и однесени пред обвинител бидејќи ја прекршија одлуката на Владата за забрана на собири. Нивниот пропуст не беше прекршување на полицискиот час туку бидејќи во ресторанот биле биле во група која е побројна од пет лица. Го прекорачија дозволениот број на лица на едно место. Постои одлука на Валдата дека сите кои се работат во оваа дејност не смеат да испорачуваат храна и пијалоци, туку само да примаат порачки и да ги доставуваат – изјави Ребиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот