Српски фудбалер и миленик на газдата на ПАОК уапсен во Белград, бил пијан и не го почитувал полицискиот час

твитер

Александар Пријовиќ, фудбалерот на Ал-Итихад од Саудиска Арабија каде заработува толку што е најбогат српски фудбалер и со својот гол ја однесе репрезентацијата на Мундијалот во Русија е уапсен пијан во бар во белградски хотел.

Заедно со него биле и познатиот турбо фолк пејач Радиша Трајковиќ со сопругата и тие исто така се уапсени.

Полицијата ги привела бидејќи не ги почитувале одлуките на Владата за задолжителен карантин по 17 часот.

Најсветлите моменти од кариерата, Пријовиќ ги имаше додека настапуваше за грчкиот тим ПАОК каде беше миленик и на навивачите и на контроверзниот сопственик, Иван Савидис.

Највпечатлив момент во кариерата во ПАОК на Пријовиќ му беше кога сопственикот на тимот предизвика скандал откако на теренот влета со пиштол во раката за да се „пресмета“ со судиите за време на големото дерби против Олимпијакос кое одлучуваше за титулата. Токму Пријовиќ беше првиот кој застана во одбрана на Савидис.

Шефе, сите знаеме дека сте добра и љубезна личност, а исто така знаеме дека многу луѓе бараат помош од вас. Ние сме ваши војници на теренот, стоиме заедно на истата страна – му порача Пријовиќ на својот сопственик и по наредниот натпревар се фотографираше со маската на Савидис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот