Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Најава за прв капацитет надвор од Кина: „Хуавеи“ ќе гради фабрика на истокот во Франција

Телекомуникацискиот гигант „Хуавеи“ ќе гради фабрика за производство на опрема, пред сè поврзана со 5Г технологијата, на истокот на Франција што ќе биде прва надвор од Кина, соопшти компанијата.

Во фабриката ќе бидат инвестирани минимум 200 милиони евра и првично ќе бидат вработени 300 лица.

Мобилни мрежни технолошки решенија ќе бидат произведени за целиот европски пазар, велат од компанијата. Според „Хуавеи“, фабриката во Брумат, мало гратче на околу десет километри северно од Стразбур треба годишно да произведува опрема во вредност од милијарда евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот