Награда за визуелниот уметник Филип Јовановски во Србија

Мултимедијална поставка „Штампање заеднички простори“

Колаборативниот проект ШТАМПАЊЕ ЗАЕДНИЧКИ ПРОСТОР, во кој учествува визуелниот уметник Филип Јовановски од Република Северна Македонија во соработка со студенти од ФДУ и Архитектонски факултет од Скопје, како и Факултети од Нови Сад и Ријека, ја доби престижната меѓународна награда „Ранко Радовиќ”, во категоријата за најдобра мултимедијална поставка/изложба, што ја доделува Здружението на ликовни, применети уметници и дизајнери на Србија за 2022 година.

Жирито за доделување на наградата Ранко Радовиќ во категорија 3 (телевизиски емисии, изложби, мултимедијални презентации) едногласно одлучи да ја додели наградата на: д-р Александра Пештерац, д.и.а., м-р Лара Бадурина, мултимедијална уметничка, скулпторка и на м-р Филип Јовановски, д.и.а, визуелен уметник за проектот „Штампање заеднички простор”, програмска линија Collab Commons, Биенале за сценски дизајн, Нови Сад, 2022 година.

Жирито во состав: проф.д-р Миа Давид, д.и.а., сценографка, кураторка (претседателка на жирито), д-р Ана Џокиќ, д.и.а, кураторка и Борис Миљковиќ, режисер, писател, одлучи наградата да ја додели на оваа соработка поради тоа што е „заедничка работа и повторно промислување на модернистичката архитектура на просторот на поранешна Југославија” како и поради „третирањето на овој простор сеуште како заеднички културен простор што е од исклучително значење за создавање на подобро разбирање и полесна заедничка иднина на генерациите кои доаѓаат”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот