Фото: Бреинстер

Награда од милион денари за средношколците со најдобра бизнис идеја

Големото финале на „Средношколец Милионер“, каде десет тима ќе ги претстават своите идеи за бизнис пред пет реални инвеститори се одржува денеска во просториите на Бреинстер НЕКСТ колеџот.

Како што се наведува во соопштението на организаторот станува збор за идеи што решаваат конкретни, современи проблеми од финансиска писменост и едукација, до AI алатки, локален развој, туризам, здравствени навики, фриленс можности за младите и др.

Финалистите денес ќе бидат оценувани според јасното дефинирање на проблемот, конкретното и применливо решение, изводливиот и исплатлив бизнис модел и целокупната подготвеност на тимот да ја спроведе идејата.

-Овој натпревар покажува дека новата генерација размислува практично, технички и пазарно. Тие не создаваат идеи „на хартија“, туку функционални концепти што може да се имплементираат веднаш. И горди сме на успехот кој го постигнаа сите учесници досега, велат организаторите на натпреварот.

Во финалето ќе се натпреваруваат четири тимови од средните училишта во Скопје, три од Битола, две од Велес и еден тим од Куманово.

Најдобриот тим ќе ја освои главната награда од 1.000.000 денари, со можност својата идеја да ја претвори во вистински бизнис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот