Наезда на скакулци во Африка, најголема во последните 25 години

Станува збор за пустински скакулец, кој воедно е и еден од најопасните.

Наезда на скакулци во Африка. Појавата на голем број на инсекти во Африка делумно е последица на климатските промени.

Најголемата појава на скакулци во последите 25 години го зафати источниот дел на овој континет и претставува закана за храната во некои земји, во услови кога дел од нив се најзагрозени од глад.

Според локалните медиуми, еден од роевите на овие инсекти е долг 60 километри и широк 40.

Станува збор за пустински скакулец, кој воедно е и еден од најопасните.

Најзагрозени се Кенија, Сомалија, Етиопија, Судан, Џибути и Еритреа, но под закана се и Јужен Судан и Уганда.

Оваа појава дополнително може да ја влоши состојбата во овие земји бидејќи дел од нив се под постојана закана на исмалистички групи и немири, како што се Сомалија, Лужен Судан и Етиопија.

Според медиумите, на некои делови скалкуците се во толку голем број што изгледаат како темни облаци на хоризонтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот