Над 100.000 Ковид-19 хоспитализации дневно во САД, вирусот се шири во јужните држави

Коронавирус во САД/Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

САД го достигнаа бројот од над 100.000 хоспитализации на пациенти заболени од Ковид-19 дневно, приближно до бројот на хоспитализации за време претходниот бран коронавирус зимоска пред да започне вакцинацијата, објави Њујорк тајмс. 

На ниво на САД регистрирани се над 156.000 нови случаи инфекција дневно. 

Зголемениот прием на пациенти ги оптоварува болниците и ги надминува напорите на здравствените работници во време кога смртноста е зголемена до речиси од 1.300 случаи дневно, за првпат по март годинава.  

Стапката на хоспитализации е зголемена за 500 проценти во изминатите два месеци, посебно во јужните држави каде креветите во одделите за интензивна нега брзо се полнат. Кризата таму е разгорена од ниските стапки на вакцинација, политикантството околу коронавирусот и отпор кон мерките за јавно здравство како носење маски и вакцинацијата. 

Така на пример, на Флорида хоспитализирани се 16.457 пациенти, најмногу од сите сојузни држави. На второ место е Тексас со 13.557 Ковид-19 пациенти во болница.  

Доктор од Флорида за Си-Ен-Ен коментираше дека сѐ повеќе млади пациенти умираат од болеста. Сите тие биле невакцинирани. Смртноста на полуостровот е највисока и изнесува 245 случаи дневно.  

Главниот инфектолог на САД и советник по медицина во Белата куќа, Ентони Фаучи, предупреди дека уште 100.000 луѓе во САД може да починат од Ковид-19 до декември, ако напорите за вакцинација не вродат со плод. Досега, околу 80 милиони Американци пригодни за вакцинација остануваат невакцинирани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот