Началникот на СВР Скопје: „Јавна соба“ прво била на Инстаграм и Вибер каде била блокирана

Ние се обративме до меѓународниот сервис провајдер и баравме да биде блокирано од нивна страна поради нашиот случај, но немаме одговор. Ние тука застануваме, не можеме да го пречекориме нашето овластување- посочи Ставревски.

Информацијата за „Јавна соба“ ја добивме по допрен глас и постапуваме понатаму, рече началникот на СВР Скопје, Ристо Ставревски во емисијата „Топ Тема“.

-Имаме досега само едно оштетено лице, кое пријави во полициска станица заедно со родителите, бидејќи е малолетно лице. Тука имаме повеќе кривични дела. Новинарката Мери Јордановска ме контактира да ми каже за групата на Телеграм. Има повеќе лица кои се администратори. Супервизорот и другиот администратор кои ги имаме обезбедено се возрасни, ниту едно од тие две лица не е малолетно, рече Ставревски.

Тој кажа дека и посочил на новинарката Јордановска да му каже на администраторот на групата „Јавна соба“ на Телеграм да се пријави во полиција.

-Нашата улога освен репресивна е превентивна. Многу подобро е да употребивме превентивни, кога ќе употребиме репресивни веќе е касно. Во овој случај ние касно ја добивме информацијата. Оваа група ја имале на Инстаграм. Од таму им ја блокирале. Се селат на Вибер, каде им ја блокираат исто така, а потоа се селат на Телеграм, каде се симнати критериумите и можат да го прават тоа. Ние се обративме до меѓународниот сервис провајдер и баравме да биде блокирано од нивна страна поради нашиот случај, но немаме одговор. Ние тука застануваме, не можеме да го пречекориме нашето овластување- посочи Ставревски.

Началникот на СВР Скопје кажа дека бројката од 7.000 е максимумот во тој момент, но мигрирале над 13.000 луѓе во таа група. Тој ги повика сите оштетени да пријават за да има поголема бројка на пријавители. Вели, оној кој ги гледал фотографиите има помала одговорност отколку администраторите и оние кои споделувале фотографии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот