ВИДЕО | На убодот од комарец ја втрила кората од ова овошје и чешањето исчезнало: Пробајте, сите го имате дома во лето
Покрај разните препарати и апарати кои штитат од каснување од комарци, овој едноставен трик може да помогне и да се спасиме од комарците.
Препорачано
Познато е дека бананата е одлична за здравјето, но многумина не знаат дека е корисна и за заштита од комарци.
– Дали знаевте дека кората од банана можете да ја користите за ублажување на чешањето? Ова се должи на природните масла што се наоѓаат во бананата. Доволно е да се втрие внатрешноста на кората од бананата на местото на убодот и чешањето постепено ќе се намалува – напишала emilyxlevi во својата објава на Инстаграм.
Ова видео е прегледано 20 милиони пати, а многумина ја потврдија неговата ефикасност во коментарите.
Кората од банана содржи супстанции како што се танини, алкалоиди и флавоноиди, кои, според едно истражување, го прават овој метод ефикасен во борбата против чешањето предизвикано од каснувања од комарец.
Втријте ја на чувствителното место и гледајте како исчезнува чувството на чешање. Бананите се природно полни со полисахариди, кои се познати по своите антивоспалителни својства и намалување на отокот.
Студијата објавена во списанието „Фронтиерс“ во 2022 година откри зошто каснувањето од комарец всушност предизвикува чешање.
– Во текот на убодот, нашиот имунолошки систем ослободува соединенија познати како хистамини кои предизвикуваат чешање и оток – навеле истражувачите.


