Фото: Јутјуб / Видео Плус / скриншот

На трубачи од Србија им бил забранет влез и престој во Хрватска

На група улични музичари од Србија, кои беа пронајдени во Осиек на Бадник без пропишани документи за престој и работа, им беше откажан престојот и им беше забранет влез во Хрватска во траење од три месеци, соопшти денеска осиечко-барањската полиција, објави Индекс.хр.

На 24 декември, полицијата добила пријава дека улични трубачи свират во Осиек. Биле пронајдени петмина свирачи, државјани на Србија на возраст од 57, 51, 48, 46 и 20 години, кои биле повикани во полициската станица за да се утврдат околностите на нивниот престој во Хрватска.

Утврдено е дека тие дошле во Хрватска за да свират на улиците и во угостителските објекти со цел да заработат пари, и дека немале дозволи за престој и работа, ниту потврди за регистрација на работа.

„Со оглед на тоа што беше утврдено дека тие не ја оправдуваат целта и условите за влез и краткорочен престој во Хрватска, спроведена е административна постапка во која на сите петмина српски државјани им се издадени решенија за откажување на нивниот престој во Хрватска. Според решенијата, на музичарите им е откажан краткорочниот престој, им е издадена тримесечна забрана за влез и престој, а им е даден рок за доброволно заминување од седум дена, во кој се должни да го напуштат Европскиот економски појас“, информира полицијата.

Српските играорци нападнати во Сплит раскажуваат: Беа облечени во црно, бевме исплашени и во шок

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот