Фото: илустрација / rawpixel.com / CC 1.0

На телефоните во училиштата им е одѕвонето, уверуваат властите

Јаневска и Ѓорѓиевски најавија построги мерки против користењето телефони од страна на учениците

Министерката за образование Весна Јаневска и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска најавија построги мерки против користењето телефони од страна на учениците во основните и во средните училишта.

„Ќе се засили контролата на користењето телефони за време на наставата, кое е забрането, и во најголем дел од училиштата директорите и наставниците веќе презеле мерки со кои на учениците им се одземаат телефоните и ги добиваат за време на одморите“, рече Јаневска.

– Со оглед на тоа што целата земја не е покриена со интернет-мрежа, со паметни табли и со таблети, доколку наставникот процени дека е потребно да се употреби мобилниот телефон на децата, тогаш тој ќе даде посебна дозвола. Сметам дека овој начин за справување со мобилните телефони во училиштата е добар. Проблем е што учениците ги добиваат телефоните од родителите, надвор од училиштата, и тогаш тие неконтролирано се користат – рече Јаневска.

И градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, исто така најави можност за воведување забрана за користење мобилни телефони и во средните училишта во главниот град. Тој посочи дека додека бил градоначалник на Општина Кисела Вода, во училиштата веќе биле воведени правила со кои електронските уреди не биле дозволени за време на наставата, и дека општината била меѓу првите што ја применила ваквата мерка.

Секој родител има право да му забрани социјални мрежи на детето преку контрола за пристап, вели Андоновски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот