Фото: oceaniafootball.com

На СП 2026 може да настапат две репрезентации од иста држава

Светското првенство во фудбал 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, ќе биде историско по многу нешта, особено по тоа што за првпат ќе учествуваат 48 репрезентации. Но, покрај овој рекорд, можно е да влезе во аналите и по уште една реткост што последен пат се случила пред речиси еден век.

Имено, постои реална шанса по вторпат во историјата на мундијалите да гледаме селекција на една земја, но и репрезентација која потпаѓа под нејзина јурисдикција. Вакво нешто последен пат се случи во далечната 1938 година.

Франција, една од фаворитите во европските квалификации, речиси сигурно ќе биде дел од големиот фудбалски турнир. Но изненадување пристигнува од Океанија, каде вицешампионот на тој континент каде што Нова Каледонија избори место во интерконтиненталниот плејоф, кој ќе се игра во март 2026 година.

Интересното е што Нова Каледонија е прекуокеанска територија на Франција и дел од Францускиот Комонвелт. Иако во 2014 година одржа референдум за независност, истиот беше неуспешен, па оваа територија и понатаму останува дел од француската заедница.

Претходно вакво нешто се случи кога учествуваа Холандија и тогашните Холандска Источна Индија, денешна Индонезија, на Светското првенство во далечната 1938 година.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот