На Редит мрежата жените се исповедаа за најчудните барања што ги добиле од своите партнери: Бараше од мене да бидам пониска!

Profimedia
Profimedia

Популарната мрежа Редит отвори прашање кон сите жени околу најлошите нешта што нивниот партнер ги побарал да променат кај себе, а многу жени одговорија со навистина бизарни и комични примери, пренесува „Index.hr“

Многу од нив беа сурово искрени дека со нивните партнери доживеале најлоши ситуации и барања што ги нема ни на филм. Па да видиме што кажаа жените…

„ Не сакаше да се шминкам, затоа што и мајка му не се шминкала“ – изјави една корисничка.

„Неверојатно е колку мажи бараа од мене да пијам антидепресиви, затоа што не им беше јасно како не ме прават среќна“

Друга корисничка на мрежата напиша:

„Бараше да немам ниедна тетоважа повеќе од него. Кога сакав да се тетовирам по втор пат, тој имаше само една тетоважа и очекуваше дека ќе го причекам и тој да направи уште една. Мислам дека тоа имаше врска со неговата мажественост“.

Многу често партнерите во врските имаат одредени ставови и во врска со сексот, но и невообичаени, па дури и смешни барања.

„Бараше од мене да го сменам тајмингот за оргазам. Ко божем јас можам да влијаам на тоа“

„Имав момче што се расправаше со мене околу многу теми и бараше да не се дискутира феминизмот во негово присуство. Исто така ми рече да ослабнам 20 кг, затоа што жените не смееле да бидат потешки од 60 кг. Врската се разбира дека ни пропадна“

„Мојот поранешен партнер ми рече дека „користам предолги зборови“. Ги критикуваше моите избори на филмови или серии, демек сум се правела многу паметна“ – изјави друга корисничка.

Убедливо најсмешното и бизарно искуство со партнер го сподели една од корисничките на мрежата:

„Буквално бараше од мене да станам пониска. Висока сум 155 см. Бараше да носам ниски чевли или такви без потпетица, за да не бидам повисока од него. Тој беше висок 160 и мислам дека беше несигурен во себе“

Видео на денот