На просторот во Ново Лисиче каде што беа избришани две градежни маркички, ќе се гради парк

Во близина на трговскиот центар „Лиса“ во Ново Лисиче, на парцелите каде минатата година Општина Аеродром избриша две градежни маркички, наредната недела треба да започне изградба на нов парк, информира градоначалникот Тимчо Муцунски.

 Парцелите предвидени за изградба на станбени и деловни објекти ги пренаменуваме во места за паркови и зелени површини. Минатата година, најавивме, а денес веќе тие најави стануваат реалност. Општина Аеродром е прва општина која избриша маркички за изградба на згради, а на тоа место наскоро започнува изградбата на нов, модерен парк на површина од 5700 квадратни метри – вели Муцунски.

Изградбата на новиот парк ќе биде финансирана со средства од буџетот на Општина Аеродром, во партнерство со општествено одговорни компании кои се грижат за животната средина.

Аеродром и аеродромци добиваат уште еден зелен проект со кој сите ќе бидеме горди, парк кој е уште еден важен проект во унапредувањето на урбаното живеење и давањето придонес за чиста и здрава животна средина – додава градоначалникот на Општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот