На повидок крај на трансфер сагата со Исак, Ливерпул ќе го сруши сопствениот рекорд
Една од најголемите летни трансфер саги на европскиот фудбал наскоро веројатно ќе заврши, шведскиот напаѓач Александер Исак е на чекор до преселба на „Енфилд“. Според информациите на добро информираниот „ЕСПН“, Ливерпул ја испратил финалната понуда од неверојатни 150 милиони евра, која била прифатена од Њукасл.
Препорачано
Исак претходно јавно изрази незадоволство поради тоа што Њукасл ги одбиваше претходните понуди на „црвените“, но изгледа дека дојде крај на неизвесноста. Двата клуба, според истите извори, постигнале договор и 24-годишниот голгетер наскоро ќе биде и официјално претставен како ново засилување на Ливерпул.
View this post on Instagram
Ако не се случи некој пресврт, Исак за „црвените“ ќе биде седмо засилување во текот на летниот преоден рок откако претходно пристигнаа: Флориан Вирц, Уго Екитике, Милош Керкез, Жереми Фримпонг, Џовани Леони и Армин Печи.
Со овој трансфер би бил срушен и рекордот во британскиот фудбал кој исто така беше поставен од Ливерпул со трансферот на Вирц за кого платија 130 милиони евра.


