На популарниот стример Нинџа му е дијагностициран рак на кожата

Популарниот стример Нинџа / Фото: Ethan Miller / Getty images / Profimedia

Американскиот стример Тајлер „Нинџа“ Блевинс откри дека му бил дијагностициран меланом, форма на рак на кожата. Во објавата на социјалните мрежи, 32-годишниот гејмер, познат по видео играта Фортнајт и кој има 19 милиони следбеници на Твич, објави дека бенката отстранета од неговото стапало е канцерогена.

Нинџа рече дека се проверува и втората темна дамка на неговото стапало, и иако е „шокиран“ тој е „благодарен што имал надеж“ дека ракот е рано откриен. Тој ги повикува останатите редовно да се прегледуваат.

Нинџа стана синоним за Твич од неговото враќање на платформата за стриминг во 2020 година, по краткиот ангажман со конкурентската платформа на Мајкрософт, Миксер – која беше исклучена во јуни истата година. Неговиот статус како едно од најпрепознатливите имиња во стриминг светот, исто така, доведе до негово појавување на мејнстрим програми.

Во својата објава на Икс, Нинџа објави дека дознал за ракот откако посетил дерматолог на годишна контрола на бенките.

„Имав бенка на дното на моето стапало што сакаа да ја отстранат. Тие ми рекоа дека е нешто како меланом, но тие се оптимисти дека го фативме во раните фази“, рече тој.

Меланомот е форма на рак на кожата кој може да се прошири на други делови од телото, а обично е предизвикан од ултравиолетова светлина од сонцето. Оние кои се изложени на поголем ризик од развој на меланом вклучуваат луѓе со бледа кожа, голем број бенки и историја на рак на кожата во нивното семејство. Операцијата е главниот третман, но во случаи кога ракот се проширил, може да се користи и хемотерапија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот