На ОИ во Токио ќе има публика, но алкохолот ќе биде забранет

EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Претседателката на организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио, Сеико Хашимото соопшти дека конзумирањето на алкохолни пијалоци ќе биде забрането на Игрите.
Хашимото на прес-конференција изјави дека одлуката е донесена за јавноста да не биде загрижена за безбедноста на Олимписките игри откако претходниот ден граѓаните се побунија зошто да биде дозволено за странските навивачите да смеат да конзумираат алкохолот, додека за домашните тоа беше забрането.

– Конзумирањето на алкохолни пијалоци ќе биде забрането на Олимписките игри во Токио – рече Хашимото.
Добра вест е што организаторот потврди дека ќе биде дозволено присуство на навивачи на трибините, но бројот ќе биде ограничен на 10.000. Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23. јули до 8. август откако минатата година беа одложени поради пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот