Роб Рајнер со сопругата Мишел и нивниот син Ник / Фото: Profimedia

На Ник Рајнер пред убиството на родителите му била дијагностицирана шизофренија: Се однесувал непредвидливо и опасно

Според тврдењата на странските медиуми, на Ник Рајнер му била дијагностицирана шизофренија пред да ги убие своите родители, Роб и Мишел Рајнер. Според „ТМЗ“, во неделите пред убиството, Ник се однесувал „непредвидливо и опасно“.

Два извори потврдиле за медиумот дека Ник бил под надзор на психијатар поради својата ментална болест, но во месецот пред убиствата неговото однесување станало „алармантно“.

Исто така, се наведува дека лекарите му ја промениле терапијата околу три до четири недели пред убиството, со надеж дека неговата состојба ќе се стабилизира, што на крајот довело до нагла промена во неговото однесување. Покрај тоа, употребата на дрога ја влошила неговата состојба со шизофренијата.

Роб Рајнер со синот Ник – Фото: Принтсрин/ Јутјуб

Ник неодамна примал и третман во рехабилитационен центар во Лос Анџелес, специјализиран за ментални болести и одвикнување од дрога, кој чини 70.000 долари месечно.

Тој е обвинет за две убиства, со навод за повеќекратни убиства со посебни околности и доколку биде осуден, може да се соочи со доживотен затвор. На краткото сослушување во среда не се изјаснил за виновен.

Да потсетиме, според податоците на Медицинскиот истражител на округот Лос Анџелес, Роб и Мишел Рајнер починале на 14 декември од повеќекратни повреди со остар предмет.

Според „Пипл“, Роб Рајнер и неговата сопруга биле убиени од нивниот син Ник – полицијата вели: „Истрагата е во тек“

Режисерот Роб Рајнер и неговата сопруга пронајдени мртви, полицијата истражува двојно убиство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот