На кои фудбалски стадиони има најдобра атмосфера, високо на листата и еден од соседството (ВИДЕО)

Францускиот магазин „Франс Фудбал“ во најновото издание објави листа на 30 стадиони во светот на кои има најдобра атмосфера.

Бомбоњера, стадион на Бока Јуниорс/twitter/Bocafans

„На нашата листа намерно ги изоставивме великаните како Реал, Барселона, Манчестер јунајтед или Арсенал бидејќи атмосферата на натпреварите на тие екипи не е меѓу најдобрите. Вест Хем, Тотенхем и Арсенал можеби ќе имаа место на нашата листа но со заминувањето од своите легендарни стадиони ја загубија душата и емоциите на трибините“, стои во текстот.

Според магазинот, стадион на кој има најдобра атмосфера е „Бомбоњера“ каде настапува Бока Јуниорс, а по неа следат стадионите на Ливерпул
„Енфилд роуд“ и на Борусија Дортмунд, „Сигнал Идуна парк“.

„Посетата на тие стадиони е неверојатно искуство не само за фудбалските фанови. Бомбоњера, Енфилд и Жолтиот ѕид во Дортмунд не се забораваат“.

Единствен стадион од соседството кој се најде на листата, и тоа на високото четврто место е поранешната „Маракана“, а сега „Рајко Митиќ“ каде настапува Црвена звезда.

Стадиони со најдобра атмосфера според Франс Фудбал
1. Бомбоњера, Буенос Аирес (Бока Јуниорс)
2. Енфилд, Ливерпул (Ливерпул)
3. Сигнал Идуна Парк, Дортмунд (Борусија Дортмунд)
4. Рајко Митиќ, Белград (Црвена Звезда)
5. Селтик Парк, Глазгов (Селтик)
6. Монументал, Буенос Аирес (Ривер Плата)
7. Водафон Парк, Истанбул (Бешикташ)
8. Караискаки, Пиреја (Олимпијакос)
9. Сан Мамеш, Билбао (Атлетик Билбао)
10. Маракана, Рио де Жанеиро (Фламенго)
11. Турк Телеком Арена, Истанбул (Галатасарај)
12. Де Кујп, Ротердам (Феенорд)
13. Сан Паоло, Неапол (Наполи)
14. Велодром, Марсеј (Олимпик Марсеј)
15. Жефри Жирар, Сент Етјен (Сент Етјен)
16. Каиро Интернатионал, Каиро (Ал Ахли)
17. Шукру Шарачоглу, Истанбул (Фенербахче)
18. Местаља, Валенсија (Валенсија)
19. Тумба, Солун (ПАОК)
20. Стадион на Крал Мохамед, Казабланка (Ража Казабланка/Видад)
21. Кампеон дел Сигло, Монтевидео (Пењарол)
22. Сент Џејмс Парк, Њукасл (Њукасл)
23. Олимпико, Рим (Рома/Лацио)
24. Педо Бидегаин, Буенос Аирес (Сан Лоренцо)
25. Војска Полскиего, Варшава (Легија)
26. Луж, Лисабоно (Бенфика)
27. Стадион 5 јули, Алжир (Алжир)
28. Олимпик де Радес, Тунис (Есперанца Тунис)
29. Парк на принцевите, Париз (ПСЖ)
30. Милернтор, Хамбург (Сент Паули)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот