На Јувентус му се заканува исфрлање од Серија А

Јувентус - Сасуоло/15 август 2022/фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалскиот сојуз на Италија ја започна истрагата во Јувентус, откако беше обелоденето обвинението дека на фудбалерите во клубот им биле исплаќани различни суми од оние што претходно биле пријавени.

Пред два дена раководството на Јувентус на чело со претседателот Андреа Ањели поднесе оставки, а предложија тогаш местото претседател да го превземе сметководител за клубот што подобро се носи со финансиски и правни проблеми.

Медиумите во Италија пишуваат дека Јувентус дури може да биде исфрлен од Серија „А“.

„Фалсификување на сметководствени и административни документи или било кои други незаконски активности, може да предизвика одземање на бодови, па дури и исфрлање од лигата“, пишуваат медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот