На фудбалер на Тотенхем му се заканува 12 натпревари суспензија?!

Фото: EPA-EFE/VINCE MIGNOTT

Уругвајскиот фудбалер од редовите на Тотенхем, Родриго Бентакур би можел да заработи суспензија од 12 месеци поради расистички коментар кон неговиот клупски соиграч, Сон Хеунг Мин.

Бентакур додека беше во репрезентацијата во емисијата „Пор Ла Камисета“ во неговата татковина сакаше да се пошегува, но тој обид сега може да му донесе проблеми.

Водителот на емисијата во еден момент го праша Бентакур дали би можел да му обезбеди дрес од Сон или пак од некој друг фудбалер од средниот ред.

„Од Сони или од некој негов братучед, горе-долу мене сите ми се исти“, одговори Сон.

Поради овој коментар тој се најде под истрага на ФА. Бентакур и се извини подоцна, а од Тотенхем соопштија дека помеѓу фудбалерите нема проблем и дека се е решено.

Сепак, ФА утрово соопшти дека е отворено обвинение и тоа значи дека Бентакур може да биде суспендиран и до 12 натпревари колку што носи казната за расистички навреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот