На фестивалите во Црна Гора само со Ковид потврда

Свети Стефан Црна Гора
Свети Стефан, Црна Гора / Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Институтот за јавно здравје на Црна Гора соопшти дека без Ковид потврди нема може да се присуствува на најавените фестивали во целата држава, пренесува РТЦГ.

Институтот ги потсети организаторите дека пристапот на фестивалите е дозволен само со исполнување на еден од четирити услови од Националната Ковид потврда, а тоа се доказот дека лицето во целост или барем еднаш е вакцинирано, негативен тест против коронавирус кој не е постар од 72 часа, позитивен ПСР тест кој е постар од 14 или не е постар од 180 дена или негатив брз тест кој не е постар од 48 часа.

„Во исто време, за да спречиме ширење на дезинформации, Институтот за јавно здравје на Црна Гора, како и министерството за здравје, никогаш на никој од организаторите на ваквите манифестации не им понудиле услуги за тестирање со брзи тестови за антитела“ соопштија од Институтот, пренесува РТЦГ.

„Уште еднаш ги повикуваме организаторите на сите музички фестивали да ги почитуваат прописите и правилата под кои треба да работат“ велат од Институтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот