На „дрим-тимот“ му беше доволна една четвртина за пласман во финалето
Кошаркарската репрезентација на САД е првиот финалист на олимпискиот турнир во Токио откако во полуфиналето ја совлада Австралија со 97:78.
Препорачано
Интересно е што кошаркарите на САД во првото полувреме само еднаш поведоа, и тоа на стартот со 2:0 по што Австралија направи мини серија од 6:0 и предноста ја одржуваше до полувремето. Во втората четвртина, предноста на Австралија се зголеми на 15 поени по што селекторот на САД, Грег Попович зеде тајм-аут. Од тие моменти, НБА ѕвездите заиграа далеку подобро, на анулираа предноста, но во последната секунда Џејсон Тејтум го промаши шутот за израмнување.
Playing for gold!#USABMNT will go for the four-peat. #TokyoOlympics pic.twitter.com/PXOnTYbarG
— Team USA (@TeamUSA) August 5, 2021
Својата моќ кошаркарите на САД ја демонстрираа во финишот од втората и стартот на третата четвртина кога направија серија од 20:0. Третот дел од играта го добија со убедливи 32:10 што беше доволно за пласман во финалето. Кевин Дурент беше најефикасен со 23 постигнати поени, а одличен настап имаа и Девин Букер со 20 и Џру Холидеј со 13 поени, додека кај Австралија најрасположени за игра беа Пети Милс со 15 и Данте Ексум со 12 поени.
Противник на САД во финалето ќе биде победникот од вториот полуфинален дуел меѓу Франција и Словенија.


