На Детска клиника асистирала полиција, родители се заканувале по животот на докторите кои се грижат за нивното бебе (ВИДЕО)

И покрај тоа секојдневно се врши притисок на персоналот на болницата, проследени со разни навреди, закани по живот и  агресија која кулминираше денеска кога обезбедувањето на Клиниката мораше да повика и полициска асистенција- велат од Клиниката за детски болести.

Универзитетската Клиника за детски болести – Скопје,  испрати соопштение до нашата редакција со кое сака да ја информира јавноста за видео снимката која денеска се појави на социјалната мрежа Фејсбук, каде родители на мало бебе се жалат на медицинскиот персонал.

Снимката е направена на едно од одделенијата на Клиника за детски болести – Скопје на неа се гледа бебе кое тешко дише и притоа родителите ги коментираат и ги обвинуваат со имиња и презимиња лекарите за нејзината состојба.

Од Клиниката за детски болести во соопштението наведуваат дека мајката на бебето, во четвртиот месец од бременоста заболела од варичела. Направени се тестирања за можни последици по плодот, коешто семејството никогаш не ги подигнало.

Прочитајте и...  Хачинсон: Работеа цели 20 години да станат членка на НАТО, и посакуваме добредојде на Северна Македонија

-Имајќи предвид дека станува збор за комплексна ситуација, а со цел јавноста да добие целосна слика за случајот со пациентка, сакаме да дадеме и наш став во однос на денешната снимка. Имаме целосно разбирање за болката на родителите и со нив сме постојано последниве шест месеци. Мајката на бебето, во четвртиот месец од бременоста заболела од варичела. Направени се тестирања за можни последици по плодот, коешто семејството никогаш не ги подигнало. И покрај познатите медицински оправдани стравувања по евентуални последици по плодот, мајката  решила да го роди детето, без разлика на последиците. Токму како последица од варичелата, бебето се родило со комплетно нарушен имунолошки систем, односно не можност да се одбрани од бактерии ниту вируси.  Колку е ослабен имунитет покажува и фактот дека од самото раѓање детето било само неколку дена дома во рок од шест месеци. Направени се сите современи испитувања што само ја потврдуваат дијагнозата дека детето е родено со последица од варичелата додека мајката го носела плодот- наведуваат оттаму.

Прочитајте и...  Филипче: Медицинска сестра од Куманово е позитивна на коронавирусот, четири медицински лица во самоизолација

Комплетно ја разбираме нервозата на родителите, велат од Детската клиника, се обидуваме да помогнеме колку што можеме, но ситуацијата се менува секојдневно, а грижа за детето има постојано. Во секој момент на располагање се докторите на Клиниката кои досега повеќе пати отворено разговараат со родителите за состојбата на детето.

И покрај тоа секојдневно се врши притисок на персоналот на болницата, потенцираат од Клиниката за детски болести, проследени со разни навреди, закани по живот и  агресија која кулминираше денеска кога обезбедувањето на Клиниката мораше да повика и полициска асистенција.

-Како здравствени работници, но и како луѓе, родители, ја разбираме нивната борба за сопственото дете, но не ја разбираме потребата од психичко и физичко насилство врз оние кои деноноќно се борат за животот на нивното дете. Во овие тешки времиња за сите здравствени работници сакаме да повториме дека целиот медицински тим на Клиниката за детски болести во Скопје деноноќно се бори за најмалите. Нивниот живот за нас е приоритет и тука не треба да има ниту најмал сомнеж- појаснуваат оттаму.

Publiée par Aleksandra Aleksoska sur Mercredi 25 mars 2020

Прочитај повеќе

Во Америка пристигнува помош: Полета руски авион со половина тон медицинска опрема

Слободен печат

Премиерот на Италија го продолжи карантинот до 13 април

Слободен печат

Доколку вашиот престој во странство станува нерегулиран, обратете се до МНР

Слободен печат

ОБСЕ: Централизирано информирање на српската влада за епидемијата

МИА Агенција

Во Косово денеска нови 13 лица заболени и четири излекувани од коронавирусот

Слободен печат

Во Израел задолжително носење заштитни маски на јавен простор

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Бројот на починати во Њујорк е скоро половина од бројот на смртни случаи во целата држава

Слободен печат

СЗО: Силно сме загрижени од ескалацијата на смртни случаи од новиот коронавирус

МИА Агенција

Снегот ги блокираше патиштата во областа Голо Брдо: Жителите целосно отсечени од светот

Слободен печат

Хлорокин и неговиот дериват само за „итни програми”, препорачува Европската агенција за лекови

МИА Агенција

Колапс на здравствениот систем во САД: Болниците преполни, лекарите не смеат да зборуваат за хоророт што го гледаат

Слободен печат

Арслани: Во Куманово ќе се прави стручна проценка дали да се воведе карантин како во Дебар

Слободен печат