На денешен ден: Кошаркарскиот „Моцарт“ ги постигна последните 30 поени!

фото: твитер

Дражен Петровиќ и во „неважни“ натпревари сакаше да помогне во дресот на хрватската репрезентација и биде заедно со своите соиграчи.

Пред точно 27 години, на 6 јуни 1993 година, Дражен Петровиќ го одигра последниот натпревар во неговата кариера. Во дресот на хрватската репрезентација играше квалификациски меч за пласман на Европското првенство 1993 година.

Во полскиот град Вроцлав „коцкестите“ загубија од Словенија со 94:90, Петровиќ реализираше 30 поени, последните два од слободни фрлања. На тој начин ја помина границата од 1000 поени за националната селекција.

Но, мечот немаше резултатско значење, бидејќи Хрватите веќе обезбедија настап на континенталниот собир. Ја поминаа ноќта во Вроцлав, а утрото заминаа за Франкфурт, од каде полетаа назад во Хрватска.

Но, Дражен не беше меѓу патниците, кој одлучи во последен момент да патува со автомобил со тогашната негова девојка Клара Шаланци и уште една нивна пријателка, т.е. турската кошаркарка Хилал Едебал.

Следниот ден (7 јуни) во сообраќајна несреќа загина еден од најдобрите кошаркари во историјата.

Многумина се прашуваат зошто мораше да биде во составот за тој „неважен“ меч, кога веќе Хрватска обезбеди ЕП, но кошаркарскиот „Моцарт“ сакаше да биде на паркетот, да помогне, да биде тука заедно со репрезентативните колеги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот