На Червар македонските судии му се виновни за поразот: Да му е..м мајката безобразна

Најдобрите македонски судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски го судеа големото финале помеѓу Шпанија и Хрватска, и оддлично си ја завршија работата, но така не помисли селекторот на Хрватска.

Хрватите во последната минута при негатива од еден гол (21:20) имаа можност за израмнување, но Игор Карачиќ направи очигледна грешка во чекори и македонските судии, поточно Ѓорѓи Начевски, им ја одзедоа топката на „коцкестите“ по што Шпанија постигна гол и ја завери победата.

Червар веднаш побара тајм аут а камерите го уловија неговиот говор во кој го обвини судијата Начевски за поразот.

„Отиде времето… Ни ја украде топката, да му е… мајката безобразна… Ајде да го завршиме нападот што побрзо“, им рече Червар на ракометарите .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот