Фото: Wikimedia commons

На Чех за 1 Мај му се расипал моторот, заглавил во планина кај Страмашево, па морала да го спасува полицијата  

Чешки државјанин бил спасен за вчерашнот празник 1 Мај, откако тој останал заглавен во планински предел во близина на демиркапиското село Страмашево.

Според полицијата, Чехот останал заглавен поради дефект на моторот што го управувал.

„На 01.05.2026 во СВР Велес било пријавено дека во планински предел во близина на с.Страмашево, демиркаписко, В.Б.(46) од Република Чешка, поради дефект на мотоциклот кој го управувал, побарал помош за негово извлекување од местото. Од полициски службеници од ОВР Неготино и Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Територијална противпожарна единица Неготино, било извршено пребарување на теренот, каде лицето било пронајдено и преземено од местото во добра здравствена состојба“, соопштија од МВР.

Возило излетало од автопатот Скопје–Велес, шестмина извлечени без животна опасност

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот