На Британците им смета успехот на руските спортисти: Нивната казна е безмислена

EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Во Велика Британија се чини дека не се задоволни со податокот дека руските спортисти освоија повеќе медали од британските и поради тоа весникот „Ивнинг стандард“ носи текст под наслов „Русија, но каква што не ја знаеме: Забрана која не значи ништо на Игрите во Токио“.

Тоа е Русија, но не онаква каква што ја знаеме. Наместо тоа, една позиција над Велика Британија на табелата на освојувачи на медали пушува РОК – Руски олимписки комитет“, пишува во воведот на текстот, новинарот Мет Мајенди.

Тој додава дека на британскиот јавен сервис Би-Би-Си па и на борилиштата во Токио, спортистите ги најавуваат како Руси и поради тоа изгледа дека забраната која им е изречена не значи ништо.
Како никогаш ништо да не се случило, како да немало системски допинг, како да немаше заташкување кое одеше се до самиот врв на руските власти, како да не изостанува извинувањето“, пишува новинарот.

Рускиот олимписки комитет на Игрите во Токио има 330 спортисти, но секој од нив поединечно доби дозвола да настапи и тоа од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), а згора на тоа, руските спортисти се под построг допинг режим.
Од друга страна, Велика Британија има 375 спортисти на Игрите во Токио, но новинарот на „Инвинг стандард“ наведува дека очекува руските спортисти да освојат повеќе медали од Британците, а најголема казна за нив е тоа што тие на ОИ немаат знаме, грб и химна:

„Тешко дека тоа е  доволна казна за допинг системот кој направи смејурија од Игрите во Лондон 2012 година и мастерпланот кој беше пресликан на Игрите во Сочи 2014 година. Дури нема ни неутрална облека за нив која ја носеа во Пјонгчанг. Сега повторно се тука руските бои, црвена, сина и бела“, пишува Мет Мајенди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот