На Божиќ традиционален коњички марш од Ново Село до Кучково

Во недела, на Божиќ, традиционално ќе се одржи Коњичкиот марш, кој веќе осма година по ред се организира на територија на општината Ѓорче Петров со поддршка од локалната самоуправа.

Стартот на маршот е најавен за 10 часот од бензинската пумпа во Ново Село. Крајната дестинација е Кучково, но претходно коњицата ќе помине и низ Волково, односно околу 10:30 часот каде што е предвидено учесниците да бидат пречекани со македонска народна музика.

Во Кучково, односно на сред село, се очекува учесниците на маршот да пристигнат околу 11 часот. Од тука предвидено е да се упатат до црквата „Свети Ѓоргија“ каде што напладне ќе биде поставена традиционална божикна трпеза.

Општина Ѓорче Петров ги поканува сите ѓорчепетровци да бидат дел од оваа традиционална манифестација и да се придружат на предвидените места на убава дружба и заедничка веселба по повод празничните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот