На Барселона и заканува невидена бламажа, може да остане без двајца фудбалери кои ги потпиша летово

Претседателот на Барселона Жоан Лапорта и новото засилување Френк Кеси/фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Управата на Барселона се соочува со огромен предизвик, мора да петок до 23.59 часот да ги регистрира новите фудбалери пред стартот на Ла Лига и дуелот со Рајо Ваљекано, во спротивно може да остане без двајца нови играчи.

ЕСПН пишува дека играчите кои Барселона ги донесе бесплатно, Френк Кеси и Андреас Кристенсен имаат клаузули кои им гарантираат чисти документи да си заминат доколку не бидат пријавени за стартот на сезоната во Ла Лига. Барселона првиот натпревар во Ла Лига треба да го игра в сабота против Рајо Ваљекано на „Камп Ноу“.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта и неговите соработници мака мачат да ги исполнат сите услови за финансиски фер-плеј на Ла Лига и неодамнешниот нивен обид да ги регистрираат засилувањата доживеа фијаско, а дополнителни проблеми им создава податокот дека во моментов не е сигурно дека ќе успеат да ги решат проблемите со сабота.

Тоа што може малку да ги смири навивачите на Барселона е дека нема најави дека Кеси и Кристенсен ќе ги активираат клаузулите бидејќи се надеваат дека проблемот може да биде решен во следниот период, односно до крајот на летниот преоден рок кој трае до 31 август.

Освен Кеси и Кристенсен, Барселона во летниот преоден рок за 153 милиони евра ги донесе и Роберт Левандовски, Жил Кунде и Рафиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот