На аукција вреќичката за инфузија која ја користел Мајкл Џексон

Фото: EPA/AARON LAMBERT

Многу лични предмети од семејството Џексон се ставени на аукција, па така еден од нив е и протезата од таткото на Мајкл Џексон која овие е поставена на аукција, а нејзината почетна цена изнесува 250 долари. Предметот на американскиот менаџер Џозеф Џои Волтер Џексон, таткото на Мајкл Џексон, на аукција го ставија неговите роднини.

Почетните цени на предметите се утврдени, но дури по аукцијата ќе дознаеме колкава цена всушност достигнале, по наддавањето.

На продажба се ставени околу 60 лични работи вклучувајќи ја и колекцијата од папучи, сребрена јакна, потпишани слики од Џои, кои претходно ги имал или носел Мајкл Џексон.

Тимот од експерти од Лас Вегас кој е задолжен за сувенирите се надева дека ќе заработат многу пари, особено за вреќичката за инфузија која ја користел Мајкл Џексон.

Нејзината почетна цена ќе изнесува нешто повеќе од 2,5 илјади американски долари. Аукцијата ќе биде одржана наскоро, а колкава цена ќе достигнат личните предмети на починатиот печај и неговиот татко менаџер останува да видиме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот