На Америка не ѝ јасно зошто сме го избрале Ислам Абази да ја предводи борбата против корупцијата

Ислам Абази - шев на ЈО за гонење на организиран криминал и корупција / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Амбасадата на САД смета дека е „збунувачки“ изборот на Ислам Абази за Јавен обвинител за гонење организиран криминал и корупција, изјави амбасадорката Анџела Агелер за „360 степени“ во коментар околу изборот на Абази.

„Ние во Амбасадата на САД, секако дека резултатите ги сметаме за збунувачки, особено откако во изминатите години потрошивме милиони долари на обука на обвинители и други во правосудниот систем. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат независен правосуден сектор во кој позициите се пополнуваат по заслуга и квалитет (по мерит), низ транспарентни процеси, без разлика дали се во обвинителство, судство или која било друга јавна институција. Политичкото мешање нема место во овие постапки. Оние што би се вмешале преку вршење притисок, закани или коруптивни зделки на ‘мала врата’, треба да бидат повикани на одговорност од граѓаните“, одговориле од Амбасадата на САД за „360 степени“.

Кој е Ислам Абази, обвинителот кој ќе ја предводи борбата против корупцијата и организираниот криминал?

Абази на функцијата Јавен обвинител за гонење организиран криминал и корупција ја заменува Вилма Русковска. Тој официјално стапи на функцијата на 14 ноември, а во јуни беше критикуван од Советот на јавни обвинители дека додека раководел со Вишото јавно обвинителство (ВЈО) Гостивар, немало ниту едно барање за конфискација на имот стекнат од криминал. Иако Абази, кој е од Зајас, родното место на Али Ахмети, повторуваше дека нема блиски врски со ДУИ, а со Ахмети се познавал само површно, во јавноста беа објавени низа фотографии на кои се гледа Абази со високи функционери на партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот