Ислам Абази од Гостивар ќе ја замени Русковска на чело на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Фото: Телма

Со тесно мнозинство од само два гласа, денеска за нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е избран Ислам Абази, кој досега беше шеф на вишото обвинителство во Гостивар, неофицијално дознава ,Фокус”.

Според информациите на „Фокус” тој добил повеќе гласови од скопскиот обвинител Ермон Незири – Абази освоил 66, а Незири 64 гласа од обвинителите од целата држава, кои првпат бираа шеф на едно обвинителство на овој начин. Право на глас имаа 163 обвинители од државата.

Во трката учествуваа и обвинителката Деса Пауновска, како и суспендираната досегашна шефица обвинителството кое треба да го сузбива организираниот криминал и корупцијата во земјава, Вилма Русковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот