На 58 години почина ѕвездата од „Беверли Хилс“

Фото: Принтскрин/ Јујтуб

Актерот Дејвид Гејл почина на 58-годишна возраст, потврди во неделата на Инстаграм неговата сестра Кејти Колменарес. Причината за смртта е непозната.

– Речиси немаше ниту еден ден во мојот живот кога не беше покрај мене, секогаш мој придружник, секогаш мојот најдобар пријател подготвен да се соочи со сѐ и секого со мене – напиша Кејти и додаде дека секој ден ќе го чува во своето срце.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ colmenareskatie

Гејл го толкуваше д-р Џо Сканлон во повеќе од 200 епизоди на Порт Чарлс, спин-оф на серијата „Општа болница“ (General Hospital). Покрај тоа, тој го глумеше Стјуарт Карсон, свршеникот на Бренда Волш (Шенен Доерти) во серијата „Беверли Хилс 90210“ и Дин Колинс во сапунската опера „Савана“.

Фото: Принтскрин/ Јујтуб

Гејл, роден во Тампа, Флорида, е роден во 1965 година. На почетокот на неговата кариера, тој глумеше во „Murder, She Wrote“, „Dr. Doggie Howser“, „Growing Pains“, а во 2002 година се појави во филмот „Bending All the Rules“ со Бредли Купер и Колин Порч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот