На 49 години почина Аи, шимпанзото што знаеше да брои и да црта
Аи, женката шимпанзо позната по своите исклучителни когнитивни способности, почина на 49-годишна возраст. Центарот на Универзитетот во Кјото за еволутивно потекло на човековото однесување соопшти дека Аи починала на 9 јануари од старост и откажување на органите, а во моментот на смртта била опкружена со вработени на Универзитетот, пренесе „Би-би-си“.
Препорачано
Аи е родена во Западна Африка и пристигнала во јапонскиот институт во 1977 година. Таму станала заштитно лице на проект посветен на проучувањето на „умот на шимпанзата“.
Меѓу значајните откритија на институтот е и тоа што Аи била способна да користи броеви и да препознава бои.
Истражувачите ѝ дале специјална тастатура поврзана со компјутер уште кога имала 18 месеци, со цел да ја проучуваат нејзината меморија и способност за учење.
На петгодишна возраст, Аи „го совладала именувањето на броевите од еден до шест и била способна да ги именува бројот, бојата и предметот кај 300 примероци“, се наведува во научен труд од 1985 година на приматологот Тецуро Мацузава, водач на проектот Аи.
Кога не учествувала во когнитивни тестови, Аи уживала во цртање и сликање. Како и другите шимпанза во центарот, таа цртала со фломастери на празна хартија, без потреба од награда во храна.
Во 2000 година го родила синот Ајуму, кој исто така е познат по својата извонредна меморија.
Во 2017 година, по повод 40-годишнината од проектот Аи, шал изработен од една од нејзините слики ѝ бил подарен на познатата ескпертка за шимпзна Џејн Гудол.


