На 4 мај почнува судскиот процес на Герхард Шредер против Бундестагот

Поранешниот германски канцелар, Герхард Шредер/ Фото EPA-EFE/OMER MESSINGER

Судот во Берлин во мај ќе го одржи сослушувањето за случајот што го покрена поранешниот германски канцелар Герхард Шредер против долниот дом на германскиот парламент, Бундестагот, со барање да му се вратат специјалните права, јави ДПА.

Управниот суд во Берлин соопшти дека сослушувањето по тужбата на Шредер е закажано за 4 мај.

Поранешниот германски лидер, кој беше на власт од 1998 до 2005 година, беше многу критикуван за неговата вмешаност со руските енергетски компании и неговата блискост со рускиот претседател Владимир Путин по минатогодишната инвазија на Украина. На пример, Шредер со години беше во управниот одбор на рускиот енергетски гигант Роснефт.

Во мај минатата година, Бундестагот му одзеде на Шредер дел од специјалните привилегии што му беа дадени како поранешен лидер. Комисијата за буџет на германскиот парламент одлучи, меѓу другото, да ја затвори неговата канцеларија. Шредер бара да му бидат вратени канцеларијата и соработниците. Тужбата е поднесена во Управниот суд во Берлин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот