„На 19 години носев дете на 83-годишниот Хефнер“: Проговори уште една зајачица, низ пеколот во „Плејбој“ поминувала со нејзината сестра близначка

кариса шенон
Кариса и нејзината сестра близначка Кристина Шенон / Фото: Принтскрин/Instagram

Поранешната зајачица на „Плејбој“, Кариса Шенон, откри дека тајно го абортирала детето кое го добила со Хју Хефнер откако останала бремена кога имала 19, а тој 83, пренесува „Mirror“.

Кариса, која добила покана да се пресели во замокот на „Плејбој“ заедно со нејзината сестра близначка Кристина, вели дека се чувствувала како „да носи ѓаволско дете“ и дека абортирала без знаење на Хефнер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by D Star News USA (@dstarnewsusa)

Бременоста ја открила за време на однапред испланиран тест за зголемување на градите, кој Хефнер ѝ го платил во 2009 година.

„Немав секс со никој друг, тоа можеше да биде само негово бебе. Само сакав да се ослободам од него што е можно поскоро“, изјавила зајачицата.

Шенон додаде дека не сакала Хефнер да дознае за тоа и дека не сакала никој да знае дека носи дете на 83-годишен маж.

„Бев згрозена од моето тело и се чувствував како да има вонземјанин во мојот стомак, како да има ѓавол во мене“, признала Кариса, додавајќи дека Хефнер никогаш не дознал дека е бремена и дека нејзината сестра ѝ помогнала да најде приватна клиника.

Планирале да поднесат тужба против Хефнер

Близначките денес имаат 32 години, а со Хефнер првпат морале да спијат на 19 години, на нивниот роденден. Тие велат дека учествувале во незаштитен групен секс и имало многу алкохол.

Немаат добро мислење за Хју Хефнер и како што велат тој имал „црна душа“ и дека многу жени кои се занимавале со него страдале од депресија.

„Кога умре Хеф, дел од нас тагуваше, но од друга страна си помисливме – добро, добро, веќе никоја од нас нема да биде уништена на начинот на кој нè уништи. Мислев дека „Плејбој“ е едно големо семејство, а сега сум свесна дека тоа беше култ“, рече Кристина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristina Shannon (@kristinashannon1)

„Хеф се однесуваше како да нè поседува. Ако се случеше да ги прекршиме неговите правила, шест телохранители нè вовлекуваа во собата и не нè пуштаа да излеземе надвор. Тој тоа го нарекуваше „ХМФ апсење“ според неговите иницијали. Демнеше ранливи млади девојки како нас. Нудеше мир, а потоа ќе те држеше заробена во неговата куќа, која беше како некаков златен затвор“, додаде таа.

Хефнер ги дрогирал и сексуално ги експлоатирал, опишувајќи го како „ѓаволот што ќе гори во пеколот“. Тие, исто така, планираат да поднесат тужба против него за емоционално страдање и доживеана траума.

„Ние бевме вработени во вилата на „Плејбој“ и сакаме да ги тужиме. Решивме да проговориме затоа што сакаме луѓето да знаат кој е тој навистина и што се случуваше зад затворени врати“, рече Кристина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот