МЗТ Скопје со пораз го започна последниот турнир во АБА2 лигата

фото: druga.aba-liga.com

Десеткуваниот тим на МЗТ Скопје загуби со 76:66 од Спарс во рамки на 11. коло од АБА2 лигата, но останува во трката за освојување на едно од првите осум места кои носат пласман во плејофот.
Металците“ четвртиот турнир во АБА2 лигата кој се игра во Златибор, настапуваат десеткувани поради отсуството на Олуџоби, Гравет и Магдевски, немаа доволно сили да го изненадат Спарс кој со победата си го завери пласманот во плејофот.
Во првата четвртина се почувствува отсуството на тројцата стандардни членови на првата петорка кај МЗТ Скопје и тоа го искористи противникот кој првите 10 минути ги реши во своја корист со 23:13.
Во втората четвртина сосема поинакво издание на металците, одлично одиграа капитенот Стојановски и Бојиќ и се најзаслужни за тоа што на пауза се замина нерешено (33:33).
Третата четвртина помина во израмнета игра на двете екипи, но сепак во финишот се почувствува тоа што МЗТ Скопје на последниот турнир има само девет кошаркари и Спарс во последниот период влезе со предност од четири поени (55:51).

Кон средината на последната четвртина, МЗТ Скопје со тројката на Стојановски поведе со 60:59, по што возврати Хасандиќ со тројка, а Крстевски повторно донесе израмнување.
Од тој момент, противникот направи серија од 8:0 за водство од 70:62 и практично го реши прашањето околу победникот.
Најдобар во редовите на МЗТ Скопје беше капитенот Дамјан Стојановски со 20 постигнати поени, Бојиќ постигна 14, а по 11 поени дадоа Тарнер и Крстевски. Кај Спарс, најдобар беше Камењаш со 18 поени и 10 скокови.
Со поразот, МЗТ Скопје по 11. кола има скор од шест победи и пет порази и се наоѓа на делба на четвртото место.
Утре ќе настапи и вториот македонски претставник во АБА2 лигата, Работнички кој ќе игра против Борац Бања Лука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот