МЗТ Скопје сепак ќе игра во АБА, Приморска и дефинитивно пред банкрот

фото: mztskopjeaerodrom.mk

„Металците“ сè уште имаат големи шанси во новата сезона наместо во АБА2 лигата да игра во најсилното регионално натпреварување, АБА лигата.

МТЗ Скопје Аеродром ја има „улогата“ на прва резерва и најверојатно ќе ја валоризира бидејќи словенечкиот тим Приморска се наоѓа пред финансиски колапс.

Приморска денеска и официјално го откажа настапот во словенечкиот Суперкуп бидејќи нема доволен број на кошаркари, се наоѓа во големи финансиски проблеми, а си замина и речиси целиот тим кој играше минатата сезона.

„Тимот од Копер ја информираше федерацијата дека имаат проблеми со составувањето на тимот и затоа нема да можат да учествуваат на Супер-купот, натпреварување со кое вообичаено стартува кошаркарската сезона во Словенија“, соопшти Кошаркарската Федерација на Словенија.

МЗТ Скопје ќе почека за влез во АБА, Приморска не се откажува иако има милионски долгови

Според словенечките медиуми, екипата која пред два месеци даде гаранции дека ќе успее да излезе од финансиската криза, пропаднале последните обиди да се обезбеди стабилен спонзор и се очекува наскоро и официјално да соопшти дека се откажува од настапот во АБА лигата.

Работнички во АБА2 лигата, МЗТ чека на Приморска

Откажувањето на Приморска ќе значи дека МЗТ Скопје ќе биде нов член на АБА лигата како најдобропласиран тим во втората лига од минатогодинешната сезона, додека во АБА2 лигата Македонија ќе има уште еден претставник, тоа е екипата на Работнички.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот