Работнички во АБА2 лигата, МЗТ чека на Приморска

фото: МКФ

АБА2 лигата во сезоната 2020/21, започнува на 23 септември 2020 година. Лигашкиот дел ќе се игра до 7 април, додека почетокот на плејофот е закажан за 14 април.

Регионалното кошаркарско натпреварување официјално објави кои екипи ќе играат во следната натпреварувачка сезона 2020/21.

Врз основа на резултатите во националните првенства, во сезоната 2020/21 во Втората АБА лига учесници се Горица, Хелиос Санс Домжале, Ловќен 1947, МЗТ Скопје Аеродром, Работнички, Слобода Ужице, Спарс Рилвеј, Сутјеска, Широки и Златибор.

Официјалниот календар би требало да биде усвоен на наредното Собрание на АБА лигата кое ќе биде одржано на 14 јули кога би требало да се знае точно кои клубови ќе настапуваат во првата АБА лига.

Таква шанса ќе чека МЗТ кој би бил учесник во елитата, доколку откаже словенечката Приморска која има финансиски проблеми. Во тој случај местото на аеродромскиот клуб во АБА2 лигата ќе го пополни Борац Бања Лука.

Во официјалното соопштение е потврдено дека првата и втората АБА лига до сезоната 2024/25 ќе бројат 14 клубови.

фото: Novi Pazar/Senad Zupljanin

Следната сезона во првата АБА лига ќе започне на 19 септември 2020 година. Лигашкиот дел ќе се игра до 28 март 2021 година, додека почетокот на плејофот е закажан за 4 април. АБА2 лигата во сезоната 2020/21, започнува на 23 септември 2020 година. Лигашкиот дел ќе се игра до 7 април, додека почетокот на плејофот е закажан за 14 април.

Според усвоениот систем на натпреварување, последнопласираниот тим во првата АБА лига нема да има право на учество во наредната сезона, додека претпоследно пласираниот тим на првата АБА лига и финалистот на втората АБА лига ќе играат бараж за место во првата АБА лига.

Со оглед на присуството и развојот на вирусот Ковид-19, сè уште носат голем број на ограничувачки фактори, Собранието на АБА-лигата одлучи да го откаже АБА Суперкупот во сезоната 2020/21.

АБА-лигата и клубовите внимателно ќе ја следат состојбата со развојот на вирусот Ковид-19, ќе бидат во постојан контакт со државните и здравствените организации и ќе ги координираат нивните понатамошни чекори во согласност со можните ограничувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот