МЗТ Скопје го победи Феникс 2010 и го остави без пласман во Суперлигата
Кошаркарите на МЗТ Скопје со 87:74 го совлада Феникс 2010 и го потврди второто место на табелата пред последното коло од регуларниот дел од сезоната, додека гостите ги загубија шансите за пласман во Суперлигата и битката за титулата.
Препорачано
Дебитантот повторно одличен натпревар, три четвртини беше рамноправен противник на актуелниот шампион, но потклекна во кога беше најпотребно, во последната четвртина.
Одлучувачки момент беше серијата од 8:0 на „металците“ за водство од 78:70 по што рутински го приведоа натпреварот до крајот.
Војдан Стојановски со 22 поени беше најдобар стрелец кај МЗТ Скопје, додека Морган со 23 поени и девет скокови беше прво име кај Феникс 2010.
Екипата на Еуро Никел си обезбеди пласман во Суперлигата откако славеше со 68:87 на гостувањето кај Работнички. Слично на натпреварот на МЗТ Скопје – Феникс, и Еуро Никел победата ја обезбеди во последната четвртина кога направи серија 17:4.
Џекиќ со 18 поени беше прво име кај Еуро Никел, Дубински даде 16 поени додека кај Работнички се истакнаа Едвин со 18 и Балмазовиќ со 16 постигнати поени.
Куманово со 62:70 го победи вториот тим на „металците“ МЗТ Скопје Уни Банка и направи голем исчекор во опстанокот во првата лига.
Значајна победа во битката за опстанок во првата лига оствари и Кожув кој со 76:72 ги совлада Ангели.


