МЗТ Скопје Аеродром славеше во дербито против Работнички

фото: kfsm.mk

Денеска во дербито од четвртото коло во Првата македонска кошаркарска лига во СРЦ „Кале“ екипата на МЗТ Скопје Аеродром триумфираше во градското дерби против Работнички со 59:73.

Од самиот старт МЗТ стекна предност од шест коша разлика (8:2), но првите 10 минути ниту една од двете екипи имаше позитива (14:14).

Работнички на стартот од втората четвртина водеше со 19:14, сепак до паузата играчите на Васко Атанасов направија пресврт и по првото полувреме имаа „плус седум“ (32:25).

Во третата четвртина МЗТ постепено ја зголемување својата позитива која стана и „двоцифрена“, највисоката изнесуваше „плус 16“ (50:43). Ништо не се промени во последната делница од мечот, играчите на Атанасов ја одржуваа својата висока разлика која во еден момент достигна и до „плус 19“ (71:52).

Најефикасен во редовите на МЗТ беше Д. Стојановски со 17 поени, а истиот учинок го имаше и Американецот К. Декоси кај Работнички.

ТФТ со 73:64 го совлада составот на ФМП Академија, најмногу благодарение на одличната партија на Нигериецот О. Огундиран со 21 поен. На спротивната страна за ТФТ Американецот Д. Хотон постигна 17 поени.

Пелистер како гостин славеше кај Еуро Никел 2005 со 60:66, за битолската екипа блескаше Американецот М. Бернард со 17 поени, а неговиот сонародник во дресот на домаќините МекИвен постигна 25 поени.

На табелата врвот го делат три екипи Еуро Никел 2005, МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ со по седум бодови, а по шест имаат Пелистер и Работнички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот