МЗТ пукна „стотка“ во шампионатот пред новиот АБА предизвик во Белград

„Металците“ рутински до триумф над Струмица во СЦ „Јане Сандански“/фото: MZT Skopje Aerodrom/Danail Petrovic

Рутинска победа за играчите на МЗТ Скопје Аеродром во вечерашната пресметка на домашен терен против Струмица (100:66) во заостанатиот натпревар од петто коло од Првата македонска лига, во кој основна цел на тренерот Александар Петровиќ беше да не ги оптовари премногу своите кошаркари во пресрет на петочната средба од АБА.

До четвртиот прволигашки триумф сезонава „металците“ дојдоа без никакви проблеми, а шанса добија сите од клупата, додека надвор од тимот за оваа средба беа Бојан Крстевски и Еван Максвел.

Најефикасен во домашната победа беше Адем Мекиќ со 16 поени, четири скока и пет асистенции, а Димитар Пандев имашее „дабл-дабл“ учинок од 15 поени и 11 скокови. На спротивната страна кај струмичани српскиот интернационалец Стефан Крстајиќ имаше 20 поени и осум скокови.

На табелата МЗТ е на второто место со девет бодови, еден помалку од водечкиот Гостивар, додека Струмица е на претпоследната 11 позиција со шест бодови.

„Металците“ веќе в среда тргнуваат на пат кон Белград, каде што в петок во рамките од АБА лигата ќе му гостува на српскиот ФМП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот