МЗТ не се предава: ФМП падна во Скопје!
MЗТ Скопје вечерва приреди изненадување во АБА лигата ја запиша четвртата победа во елитното регионално натпреварување. „Штрковите“ беа подобри против ФМП (87:82) кој е петти тим на табелата, но за нив ова беше трет пораз во низа.
Препорачано
Гледавме неизвесен натпревар од почетокот до крајот, а МЗТ покажа дека може да надигрува и со екипи кои се повисоко пласирани. Почетокот донесе подобра игра на гостинскиот тим, но МЗТ брзо се врати во игра и по првиот период ФМП водеше со 13:17.
Добрата игра на МЗТ продолжи и во вториот период кога го имаа и првото водство на натпреварот, сепак финишот од втората четвртина донесе подобра игра на ФМП, па на пауза заминаа со три поени предност (35:38).
Третата четвртина беше најдобриот период на МЗТ и токму тука беше одлучен победник. Овој период МЗТ го доби со 12 поени разлика (30:18), па во последниот период влезе со предност. Се обиде противникот да се врати во натпреварот, но МЗТ не дозволи и ја задржа предноста за победа од 87:82.
Кефи беше најефикасен со 26 поени, Вер додаде 13, десет постигна Бојан Крстевски. На другата страна Узунду имаше 18 поени.
.@kkmztskopje get their second straight home win after defeating @BCFMP #ABALiga pic.twitter.com/GelMc0tTGO
— AdmiralBet ABA League (@ABA_League) March 3, 2023


