МЗТ и Баскет Кам во финалето на женскиот кошаркарски Куп

Момент од кошаркарскиот натпревар меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Вардар/фото: kfsm.mk

Кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром ќе го бранат трофејот во македонскиот национален Куп освоен лани, на истото место во СРЦ „Кале“ во Скопје.

По голема борба, во текот на сите 40 минути, девојките кои сега ги предводи Горан Крстевски, беа подобри од Вардар со резултат 69:64.

Кај МЗТ доминираше капитенот на екипата Митева со 22 поени (пет скокови, четири асистенции), а на спротивната страна Матие беше најефикасна со 20 поени (девет скокови).

Противник на МЗТ во финалето ќе биде составот на Баскет Кам кој по четврти пат по ред ќе игра за куп титулата.

Екипата од Македонска Каменица стигна со победа над Крива Паланка (90:70), и ќе се бори за третиот куп-пехар во својата историја.

Во победничките редови прв стрелец беше Зубац со 21 поен, а за Крива Паланка Мазик имаше учинок од 23 поени.

КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ-БУШТУР“ 2024 – ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

ПОЛУФИНАЛЕ

Баскет кам 2011 – Крива Паланка 90:70
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром 64:69

3 МАРТ (НЕДЕЛА)

ФИНАЛЕ

16.15: Баскет кам 2011 – МЗТ Скопје Аеродром

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот